24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПЕТ ГЛАВНИ УСЛОВИ НА ЗЕЛЕНСКИ ЗА ПРЕКИН НА ВОЈНАТА СО РУСИЈА: Кога...

ПЕТ ГЛАВНИ УСЛОВИ НА ЗЕЛЕНСКИ ЗА ПРЕКИН НА ВОЈНАТА СО РУСИЈА: Кога ќе се исполнат ќе седнеме на стол

Претседателот на Украина, во контекст на наводите на странските медиуми дека Западот го турка Киев на дијалог со Москва, ги постави условите за почеток на преговорите со Русија.

„Враќање на територијалниот интегритет, почитување на Повелбата на ОН, компензација за сета воена штета, казнување на секој воен злосторник и гаранции дека тоа нема да се повтори – тоа се апсолутно разбирливи услови“, објави Володимир Зеленски на својот канал на Телеграм.

Ден претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва е отворена за контакти со Киев, но дека самата Украина законски забранила какви било преговори со руската страна, пишува порталот „Восток“.

Указот на Зеленски од 4 октомври, со кој беше одобрена одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на земјата дека преговорите со рускиот претседател Владимир Путин се невозможни, сега е на сила во Украина.

Како што пишува италијанскиот весник „Република“, САД и земјите од НАТО разговараат за условите под кои би можел да продолжи дијалогот меѓу Украина и Русија. „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите, објави дека Белата куќа побарала од украинското раководство да покаже отвореност за преговори.

Волстрит журнал, повикувајќи се на извори, објави дека американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан бил во контакт со помошникот на рускиот претседател за меѓународни прашања Јуриј Ушаков и секретарот на Советот за безбедност Николај Патрушев во последните месеци. Според изданието, целта на преговорите е да се спречи ескалација на конфликтот во Украина, вклучувајќи ја и заканата од употреба на нуклеарно оружје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП