26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочнува 7-мата недела на италијанска кујна во Скопје (10-13 ноември 2022)

Започнува 7-мата недела на италијанска кујна во Скопје (10-13 ноември 2022)

Викендот, 12 и 13 ноември,  ќе биде резервиран за второто издание на Фестивалот на италијанска храна на плоштадот Македонија: експлозија од вкусови, традиции, забава и изненадувања на едно место! Станува збор за настан на отворено со кој се одбележува Неделата на италијанската кујна во светот, со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот, но и вредности како заедништво, одржливост и иновативност.

Најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе се обидат да ги доловат автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони.

Италија каква што ја замислувате, Италија каква што би сакале да ја вкусите…..каде што секој вкус има своја приказна.

Промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки…Учесници на настанот се: Таверна Тоскана, Ла Тераца, Ботрега дел Вино, Еуролаб, Пица плејс, Боттега дел Густо, ИТА бренд, ЈЕС паста, Бира Морети и Таверна Наполи. Настанот предвидува богата и забавна програма, наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, ликовен конкурс за деца.

Лотарија за сите оние кои ќе купуваат храна и прехранбени производи за време на Фестивалот и награди од спонзорите NEPTUN, COIN CASA, BOTTEGA DEL GUSTО, BOTTEGA DEL VINO, EUROLAB, BIRRA MORETTI, YES PASTA, PIZZA PLACE и ITA BRAND.

На 12 ноември, во 13.00 часот настанот на плоштадот Македонија ќе го отворат Амбасадорот на Р.Италија, Андреа Силвестри и Сашко Коцев, кои на забавен и уникатен начин ќе ја претстават италијанската кујна.

Посетителите ќе можат да уживаат цел викенд со богата забавна програма до вечерните часови, со многу италијанска музика во живо, дружење и вкусна италијанска храна.

Посебно музичко доживување ќе биде да се слушнат најголемите италијански хитови на сите времиња, од евергрините од 60тите, 70-тите и 80-тите години во изведба на бендовите БОНАДЕА и НИКС до модерниот ремикс на последните летни хитови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП