3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото го помина доларот, цената на нафтата падна

Еврото го помина доларот, цената на нафтата падна

Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на светските берзи продолжува да паѓа.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 110,45 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 111,09 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна од вчерашните 147,20 на 146,35 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0030 долари, додека вчера во ова време беше 0,9930 долари.

Цените на нафтата паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,40 отсто, на 97,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,45 отсто, на 91,40 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП