3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД заплениле украдени биткоини во вредност од околу 3,36 милијарди долари

САД заплениле украдени биткоини во вредност од околу 3,36 милијарди долари

Американското Министерство за правда соопшти дека запленило биткоини, своевремено вредни 3,36 милијарди долари, а сега во вредност од околу 1 милијарда долари, кои инвеститорот во недвижнини Џејмс Жонг од Џорџија ги украл пред една деценија од црниот веб-пазар Silk Roud, пишува Вашингтон пост.

32-годишниот Жонг, кој стои зад кражбата, во петокот се изјасни за виновен по едно обвинение за онлајн измама, што предвидува максимална казна од 20 години.

Федералните агенти го следеле украдениот дигитален плен пред една година кога го пребарале домот на Жонг во Гејнсвил, Џорџија и пронашле уреди за складирање биткоини во подземен сеф и во кутија за пуканки под прекривката скриена во неговиот плакар во бањата, се вели во соопштението на обвинителството.

Пленот од речиси 52.000 биткоини, најпопуларната дигитална валута во светот, изгуби две третини од својата вредност во текот на изминатата година, пишува весникот.

CNBC известува дека тоа е втората по големина финансиска заплена на Министерството за правда до сега, по заплената на крипто средства во вредност од 3,6 милијарди долари, чија кражба беше поврзана со хакирањето на крипто берзата Bitfinex во 2016 година, за кое одделот објави во февруари оваа година.

Според властите, Жонг ги украл биткоините од нелегалниот пазар Silk Roud, мрачен веб-форум каде се купувале и продавале дрога и други недозволени производи со помош на криптовалути. Silk Roud беше отворен во 2011 година и затворен од Федералното биро за истраги во 2013 година. Нејзиниот основач, Рос Вилијам Улбрихт, отслужува доживотна казна затвор.

Специјалниот агент Тајлер Хачер од Бирото за приходи од криминални истраги рече дека Жонг користел „софистицирана шема“ за да украде биткоини од споменатиот нелегален пазар.

Според соопштението за печатот, во септември 2012 година, тој отворил девет лажни сметки на Silk Roud, со влог меѓу 200 и 2.000 биткоини. Тој потоа иницирал преку 140 трансакции брзо едноподруго, што го измамил системот за обработка на повлекување средства кој префрлил приближно 50.000 биткоини на неговите сметки. Потоа Жонг ги префрлил биткоините на различни адреси на паричници за чување крипто средства, кои тој ги контролирал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП