1 јули, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNokia Lumia 1520 пристигнува на 22 октомври?

Nokia Lumia 1520 пристигнува на 22 октомври?

lumia1

Финскиот производител на телефони подготви посебно случување на 22 октомври, а се очекува на тој датум „Nokia Lumia 1520“ да биде почесен гостин.

„Nokia“ не сакаше да коментира што ќе биде претставено на тој датум, но „Lumia 1520“ е логичен кандидат.

Извештаите за телефонот со 6-инчен екран веќе некое време се појавуваат на интернет, како и наводни фотографии од телефонот.

На Твитер се појавува слика со овој уред под кој стои натпис – „Nokia Lumia 1520“, 2013 година.

На фотографијата тешко е да се процени вистинската големина на екранот, но уредот изгледа прилично масивно.

Со кодно име „Бандит“, „Lumia 1520“ би требало да има 6-инчен 1080p дисплеј, а тоа би го направило овој смартфон најголем „Windows“ телефон на пазарот.

„Lumia 1520“, исто така, би требало да поседува „Qualcom quad core“ процесор, камера од 20 мегапиксели и тело од поликарбонат.

Сајтот на „Windows Phone“ центарот претпоставува дека „Nokia“ овој уред би можела да го претстави во Њујорк на крајот на септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар