29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Statista“: Која земја има најголеми проблеми со греењето во цела ЕУ? (ИНФОГРАФИК)

„Statista“: Која земја има најголеми проблеми со греењето во цела ЕУ? (ИНФОГРАФИК)

На Европа ѝ претстои тешка зима. Без рускиот природен гас, блокот би можел да доживее недостиг на енергија, што би довело до паралелно зголемување на цените на сметките за парно и електрична енергија.

Па така домаќинствата би биле принудени да го сносат товарот од енергетската криза, се вели во неодамнешната анализа на германската компанија „Statista“, која е специјализирана за обезбедување податоци за пазарот и потрошувачите.

Според „Statista“ и аналитичарката Ана Флек, дури и пред создавањето на актуелната енергетска криза, обезбедувањето греење за многу домаќинства во Европа не беше дадено. Во 2021-ва година, приближно 7% од населението на Европската унија немаше пристап до соодветно греење.

Врз основа на податоците на Евростат, графиконот на „Statista“ покажува дека земја со најголеми проблеми со греењето во ЕУ е Бугарија, каде 23,7 отсто од населението немале доволен пристап минатата година. На второ место е Литванија со 22,5%, потоа Кипар со 19,4% и Грција со 17,5% од населението.

На последното и соодветно најдобро место во Европа се Швајцарија со само 0,2% од населението со проблеми со греење, а Норвешка е со 0,8% од населението.

Треба да се напомене дека во јужноевропските земји нивото на енергетска сиромаштија е генерално полошо отколку во северноевропските земји, што ја покажува разликата во благосостојбата на двата европски региона.

Просечната вредност на енергетската сиромаштија во Европа е 6,9%, но се очекува овој индикатор да достигне многу полоши (повисоки) нивоа во 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП