5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија и БиХ со најмал јавен долг на Балканот

Македонија и БиХ со најмал јавен долг на Балканот

money3

– Македонија и Босна и Херцеговина имаат најмал јавен долг на Балканот, а најзадолжени се Србија и Хрватска.

Според анализата на агенцијата „Анадолија“, јавниот долг на Македонија во јуни изнесувал 34,1 проценти од Бруто домашниот производ, од што надворешниот долг е 1,66 милијарди, а домашниот 1,05 милијарди евра. Според објавените податоци на Министерството за финансии на Република Македонија, јавниот долг во вториот кваратал од годинава изнесувал 34,2 проценти, а на крајот на јули е 33,6 проценти од БДП.

Босна и Херцеговина според податоците на Министерството за финансии и трезор на крајот на минатата година имала јавен долг од 3,63 милијарди евра или 34 проценти од БДП.

Јавниот долг на Србија во јули годинава е зголемен за 173,5 милиони евра и изнесува вкупно 19,08 милијарди евра, што е 57,7 проценти од БДП. Секој жител на Србија на крајот на 2011 година должел 818 евра или 2,2 просечни плати, а во септември минатата година долгот по разни основи пораснал на 1.225 евра.

Хрватска на крајот на март оваа година имала јавен долг од околу 24,2 милијарди евра или 53,6 проценти од БДП. Надворешниот и внатрешниот долг на оваа држава во првите три месеци од годинава пораснал за 4,2 милијарди куни. Се очекува до крајот на годинава да достигне околу 26,5 милијарди евра, што е речиси 60 проценти од БДП.

По Србија и Хрватска, најголем јавен долг има Црна Гора. Според податоците на Централната банка, на крајот на март годинава јавниот долг на Црна Гора изнесувал 1.755,7 милиони евра или 50,3 проценти од БДП.

„Анадолија“ наведува дека во последните години поради економската и финансиската криза со која се соочуваат, земјите од Балканот се повеќе се задолжуваат за да успеат да одржат каква таква економска стабилност и благосостојба на своите граѓани.

Од земјите во ЕУ, пет имаат долг над 100 проценти од БДП. Води Грција со долг од 160,5 проценти, Италија со 130,3 проценти, Португалија со 127,2, Ирска со 125,1 проценти и Белгија со 104,5 проценти од БДП. Најмалку задолжена во ЕУ е Естонија со 10 проценти од БДП.

Според Евростат, јавниот долг на државите од еврозоната во првото тримесечје изнесувал 92,3 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП