Одлуката на Русија да започне таканаречена „специјална воена операција“ е донесена во голем дел поради заканите на Киев дека ќе ја обнови својата нуклеарна програма, изјави денеска заменик-советникот на претседателот за национална безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Според него, украинските лидери рекле дека со задоволство би употребиле нуклеарно оружје против Русија и нивните граѓани во Украина, пренесува ТАСС.

