20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСТОМАТОЛОГИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Доколку сакате здрави заби, мора да ги избегнувате ОВИЕ пасти

СТОМАТОЛОГИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Доколку сакате здрави заби, мора да ги избегнувате ОВИЕ пасти

Редовната дентална хигиена може да спречи развој на многу болести, но не е доволно само да знаете колку пати дневно треба да ги четкате, туку и како и со која паста.

Стоматолозите предупредуваат да не се експериментира со домашни пасти и да се избегнуваат оние од растителна основа кои не содржат флуор.

Во последно време на интернет кружат рецепти кои наводно помагаат при избелување на забите, но можат да бидат многу штетни и опасни по вашето здравје.

Комбинацијата на состојки како лимон, сода бикарбона, сол и активен јаглен всушност може да биде многу штетна за забите и да доведе до придружни здравствени проблеми.

Според стоматологот Кетрин Маден, флуоридната состојка која се наоѓа во пастите спречува појава на кариес. И со децении, научните истражувања покажаа дека флуоридот е безбеден и ефикасен во спречувањето на расипување на забите.

-Користењето на лимон, кој е кисел, или сода бикарбона и сол, кои се абразивни, може да ја отстрани глеѓта од забите или да предизвика промена на бојата – објасни таа, а потоа додаде дека некои луѓе не се двоумат да користат водород пероксид, кој може да иритира и да доведе до мали изгореници на непцата и меките ткива во устата.

Конечно, таа советуваше луѓето прво да разговараат со својот стоматолог пред да ја променат рутината за хигиена на забите, особено кога станува збор за децата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП