5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВо Дубаи, покрај највисоката зграда на светот, гореше облакодер од 35 ката(ВИДЕО)

Во Дубаи, покрај највисоката зграда на светот, гореше облакодер од 35 ката(ВИДЕО)

Огромен пожар избувна во понеделникот наутро во Дубаи, во 35-катница до Бурџ Калифа, пишува The Independent.

На снимките на социјалните мрежи се гледа како пламенот го зафаќа облакодер кој се наоѓа веднаш до највисоката зграда на светот. Пожарот е изгаснат, но надворешната фасада на објектот е покриена со црни дамки. Засега нема информации дали има повредени во пожарот.

Во последниве години, имаше голем број пожари во високи згради во Дубаи, што покрена прашања за безбедноста на таквите згради.

Во април, голем пожар избувна во луксузниот хотел Swissôtel Al Murooj во Дубаи, спроти Бурџ Калифа. Во инцидентот нема повредени. Во 2015 година, на новогодишната ноќ избувна пожар во 63-катницата во која се наоѓа хотелот „Адрес“ во центарот на Дубаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП