ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за октомври 2022

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за октомври 2022

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.10 – 31.10.2022 година вкупниот промет изнесувал 915.223.761 денари и е зголемен за 92.66 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 250.375.687 денари и е намалено во однос на септември за 23,19 отсто кога изнесувало 325.965.486 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 214.375.383 денари и обврзници во вредност од 14.407.124 денари.

Блок трансакциите за октомври изнесувале 322.474.074 денари и се зголемени за 116,30 отсто во однос на септември.

Бројот на трансакции во октомврири изнесувал 1.075 и е намален за 32,47 отсто во однос на септември кога изнесувал 1.592.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за октомври се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Гранит АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за октомври 2022 година можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП