26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Америка „и понатаму многу силно“

Во Америка „и понатаму многу силно“

Американските работодавачи во неземјоделскиот сектор додадоа 261.000 нови работни места во октомври, што значи дека вработеноста во земјата останува многу силна.

Растот на вработеноста беше посилен од очекуваното и покрај зголемувањето на каматните стапки на Федералните резерви (ФЕД), што би требало да го залади моментумот на пазарот на трудот.

Во исто време, стапката на невработеност во САД се зголеми за 0,2 процентни поени на 3,7 отсто минатиот месец, додека стапката на учество во работната сила падна за една десетина од поен на 62,2 отсто, објави денеска Министерството за труд, пренесува CNBC.

Алтернативната мерка за невработеност, која ги вклучува работоспособните луѓе кои активно не бараат работа и работниците кои работат со скратено работно време од економски причини, исто така се зголеми на 6,8 отсто.

Просечната заработка на час се зголеми за 4,7 отсто во октомври во однос на претходната година и за 0,4 отсто месечно, сигнализирајќи дека растот на платите веројатно ќе продолжи да врши притисок врз инфлацијата.

Бројката за отворање работни места во септември беше ревидирана нагоре на 315.000, што претставува зголемување за 52.000 од првичната проценка, додека бројката во август беше намалена за 23.000 на 292.000 нови работни места.

Новите показатели доаѓаат во екот на кампањата на ФЕД, која се обидува да ја намали високата инфлација со зголемување на референтната каматна стапка.

Заострувањето на условите за задолжување од страна на Банката на федерални резерви, исто така, има за цел да го залади пазарот на труд каде што сè уште има речиси две работни места за секој достапен невработен човек. Растот на бројот на работни места далеку го надминува нивото пред пандемијата, имајќи предвид дека во 2019 година месечниот раст на нововработените на платните списоци изнесуваше 164.000, забележуваат американските медиуми.

Сепак, во последно време имаше сигнали кои укажуваат на промена на овој тренд.

Имено, Амазон вчера објави дека го паузира вработувањето на позиции во својот корпоративен сектор, откако претходно објави дека стопира нови вработувања во малопродажниот сектор.

Apple најави и замрзнување на нови вработувања, освен во истражување и развој. Компанијата „Лајфт“ најави дека ќе отпушти 13 отсто од својата работна сила, додека компанијата за онлајн плаќања „Страјп“ соопшти дека отпушта 14 отсто од својата работна сила, според CNBC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП