2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСрпските полицајци од северот на Косово ги соблекоа униформите по одлуката Србите...

Српските полицајци од северот на Косово ги соблекоа униформите по одлуката Србите да ги напуштат институциите

Сите Срби, команданти на станици и полициски раководители од северот ги соблекоа униформите, по состанокот во Звечан на кој беше одлучено Србите да ги напуштат институциите на северот на Косово.

Да потсетиме, во Звечан заврши средбата на политичките и институционалните претставници на Србите кои работат во косовските институции, на која се разговараше за следните чекори на Србите од Косово и Метохија.

Одлучено е Србите да ги напуштат сите политички институции.

-Ќе го напуштат Собранието, Владата, четири општини на северот на Република Косово, судството, полицијата на северот на Република Косово и нивниот административен персонал на северот на Република Косово додека Приштина не почне да го почитува меѓународното јавно право и Бриселскиот договор, додека не ја повлече одлуката за предрегистрација и не формира ЗСО – наведува Горан Ракиќ.

Ракиќ на средбата предложил излез на Србите од косовските институции, поради последните потези на косовскиот премиер Аљбин Курти.

На состанокот присуствуваше разрешениот командант Ненад Ѓуриќ, кој беше разрешен од функцијата прв човек на северната регионална полициска управа од премиерот на Косово, Аљбин Курти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП