3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКосовски медиуми: Србија планира немири, планот е да дојде до конфликт

Косовски медиуми: Србија планира немири, планот е да дојде до конфликт

„Србија преку своите структури планираше немири на северот на Косово. Беа планирани напади врз косовската полиција, но и врз припадниците на КФОР и ЕУЛЕКС“, пишува косовскиот медиум КосоваПрес.

Планот е да се интензивира ситуацијата преку монтирани инциденти, што би довело до отворен конфликт меѓу полицијата и КФОР од една страна и српско-руските експоненти од друга, при што Србите се надеваат на поддршка од српската армија.

Србија регрутирала групи млади луѓе на северот кои се дел од криминалната организација „Северна бригада“, која е осомничена дека е вмешана во бројни криминални дејствија, вклучително и палење на автомобили на Срби од север, пишува косовскиот медиум КосоваПрес.

Се наведува дека дел од челниците на оваа организација имаат лични познанства со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како Владимир Радивојевиќ, познат по прекарот Мами од Звечан.

Дека припадниците на КФОР се цел на оваа организација покажува и акцијата од 26 август годинава, кога ги следеа и фотографираа контролните пунктови на КФОР на север и ги објавија со координати. Првиот кој се поврзува со планирањето на нападот е озлогласениот Владимир Радивојевиќ „Мами“. На средбата во Рашка одржана на 13 октомври минатата година по говорот на Радивојевиќ, српскиот претседател побара од говорниците да се претстават со зборовите „Го познавам“, мислејќи конкретно на „Мами“.

Тој е еден од истакнатите членови на навивачката група „Делије“ од Звечани. Покрај Радивојевиќ, во плановите е и Александар Јевремовиќ од Лепосавиќ, внук на поранешниот министер Горан Богдановиќ. Заедно со Марко Вукашиновиќ ја предводи групата „Цивилна одбрана“ која оперира од кафеаната „Мистик“ во Лепосавиќ, наведува КосоваПрес. Угљеша Јаредиќ, поранешен командант на Единицата за брз одговор на косовската полиција на север, бил вклучен и во организацијата на нередите. Пред еден месец тој поднесе оставка од косовската полиција, а претходно беше припадник на српската жандармерија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП