14 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 совети кои од вас ќе направат „Ворен Бафет“

10 совети кои од вас ќе направат „Ворен Бафет“

buffett

Застрашувачки 80 отсто од менаџерите не се во можност да го победат пазарот, односно нивните фондови имаат помал принос од целиот пазар.

Затоа, уредникот на секцијата „Investor“ на списанието Форбс, Метју Шифрин, одлучил да ги пронајде првите десет најдобри аматери инвеститори, и врз основа на нивното искуство да состави прирачник за инвестирање што ќе направи од секој мал инвеститор од соседството „Ворен Бафет“.

Врз основа на истражување и интервјуа со најуспешните „Мали Ворен Бафети“, Шифрин составил листа со 10-те најважни совети за секој инвеститор.

 

1. Концентрирано портфолио може да „запали“ – Иако сите се колнат во диверзификација на вложувањата, многу инвеститори дошле до успех со многу мал број на акции во кои тие имаат инвестирано. Подобро е да се концентрирате на мал број на акции во кои верувате, отколку да се ширите и на тој начин да го загрозите профитот.

2. Купувајте акции со низок долг кон вкупните средства – Идеално е доколку долгот на компанија во која инвестирате е помал од 50 проценти од вредноста на имотот .

3. Не се лакомете за дивиденди – Тоа е стапица. Фактот дека компанијата плаќа висока дивиденда не мора да значи дека компанијата е здрава.

4. Не ги прифаќајте бројките на компанијата како неспорни – Вредноста на компанијата посебно во гудвил и брендот е многу дискутабилна и не треба да се прифаќа здраво за готово.

5. Избегнувајте акции со приказна – Крајно е непрепорачливо да се инвестира во акции врз основа на гласини или бидејќи компанијата пушта на пазарот гаџет кој ви се допаѓа. Бројките секогаш треба да имаат предност.

6. Држете се до продажната стратегија – Откако еднаш ќе одлучите на која цена ќе ги  продадете акциите, држете се до планот.

7. Барајте акции кои се потценети поради привремена пречка – Кога другите продаваат поради некоја ирационална причина, купувајте бидејќи акциите имаат потенцијал на долг рок.

8. Не бидете алчни – Многумина чекаат на акцијата да заработат неколку пати поголема вредност. Акциите треба да се продаваат веднаш штом ќе се постигне задоволителен принос, а не да се чека да се вратат на почетната цена или на помала од таа.

9. Барајте акции од монопол или дуопол – Тоа се компании со стабилен пазар, бидејќи на било кој конкурент му е премногу скапо да влезе во борба со нив.

10. Избегнувајте компании со кои други кратат – Ако постојат инвеститори кои се обложуваат против вашата компанија е само прашање на време кога и вие ќе го дознаете она што тие го знаат.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП