25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Холандија не гледаат проблем со „TTF“ и нема потреба од регулирање...

Во Холандија не гледаат проблем со „TTF“ и нема потреба од регулирање на цените

Холандскиот регулатор на пазарот не гледа проблеми со тргувањето на берзата за гас „TTF“ и не смета дека е неопходно да има механизам за регулирање на цените. Според институцијата, интервенцијата на пазарот може да има негативни последици, вклучително и ограничени количини.

Регулаторот не гледа пазарна манипулација – цените се водени од понудата и побарувачката, иако има сериозен раст и е критичен кон можните строги правила против нестабилноста на пазарот.

„Пазарот работи адекватно, а со интервенција никогаш не се знае што ќе се случи и последиците можат да бидат полоши од очекуваните“, предупреди регулаторот. Од таму додаваат дека високите цени на гасот всушност доведуваат до активирање на изградбата на терминали за течен гас во Европа и пренасочување на танкери од Азија во Европа.

Уште пред почетокот на војната во Украина, цената на гасот нагло порасна во последните месеци од 2021-ва година поради тензиите околу снабдувањето со руски природен гас. Во текот на целата 2022-ра година цените останаа високи, а само во последните недели е забележано намалување, поврзано од една страна со невообичаено топлата есен и полните складишта на гас во Европа.

Европската комисија (ЕК) во октомври коментираше дека ќе развијат нов индекс кој ќе се однесува на снабдувањето со гас, бидејќи „TTF“ повеќе не е соодветен на структурата на увозот. Европа денес се повеќе се потпира на течен гас, а индексот на холандската берза е повеќе врзан за снабдувањето со гас преку цевки, коментираат од Брисел.

Сè додека новиот механизам не биде готов (до март 2023-та година), сепак, ЕК предложи „динамичен ценовен плафон“ за ограничување на дневниот раст на цената на природниот гас. Идејата беше одобрена „начелно“ од европските лидери на нивната средба на крајот на октомври, а се очекува конкретен предлог од комисијата.

15 земји од ЕУ побараа од ЕК ограничување на цената на гасот за да може да се намалат трошоците и за индустријата и за домаќинствата. На предлогот се спротивставија Холандија и Германија, иако и двете земји имаат индустрии кои во голема мера се потпираат на природен гас, со образложение дека тоа може да го наруши снабдувањето со суровина за земјите од ЕУ.

Пазарниот регулатор на Холандија исто така забележува дека промената на индексот може да помогне против дневната нестабилност на цените, но нема да доведе до намалување на цената на природниот гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП