29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРуската паравоена формација Вагнер отвори центар во Санкт Петербург

Руската паравоена формација Вагнер отвори центар во Санкт Петербург

Во Санкт Петербург, во близина на метро станицата Новочеркаска, отворен е Вагнер центарот, паравоена организација, пишува novayagazeta.eu повикувајќи се на информацијата „Осторожно новости“. Ова го потврди и Евгениј Пригожин, основачот на оваа платеничка група.

„Центарот ПМЦ Вагнер е комплексна зграда со простории за пронаоѓачи, програмери, ИТ експерти, експериментални производители и разни стартапи, сето тоа бесплатно“, се вели во соопштението на Пригожин.

Неговата визија за мисијата на Центарот е „да создаде удобно опкружување за генерирање на нови идеи кои би го подобриле одбранбениот капацитет на Русија, вклучително и ИТ“.

Пригожин, исто така, рече дека ќе размисли за отворање филијали доколку проектот се покаже како успешен.

Генералот Александар Лапин, командант на Централната армиска група на Русија во Украина, беше разрешен претходно денеска, соопштија ТВ Грозни и извор на РБЦ.

Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија и Евгениј Пригожин, основачот на групата ПМЦ Вагнер, неколку пати го критикуваа Лапин, особено за повлекувањето од Лиман во областа Луганск.

Евгениј Пригожин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, дури неодамна призна дека го основал Вагнер, руска платеничка единица која е распоредена низ целиот свет, вклучително и Украина.

Во објава на руската социјална мрежа ВК, Пригожин тврди дека ја основал групата во 2014 година во раните денови на војната во источна Украина.

„Јас самиот чистев старо оружје, гледав во панцири. Од тој момент се роди група патриоти“, напиша тој.

Пригожин е поранешен осуденик, работник во ресторан, па оттука и прекарот „готвач на Путин“ и потекнува од родниот Санкт Петербург на Путин.

Тој покажа дека е подготвен да направи „валкана работа“ за Кремљ, финансирајќи креативни и честопати злобни шеми за унапредување на геополитичките цели, истовремено овозможувајќи им на руските власти јавно да негираат какви било сознанија за неговите активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП