15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно лажни дојави за бомби во средните училишта, соопшти МВР

Повторно лажни дојави за бомби во средните училишта, соопшти МВР

Лажни се дојавите за бомбите поради кои денес беа евакуирани четири училишта во Скопје.

МВР соопшти дека биле направени сите потребни проверки откако училиштата на електронската адреса добиле закана за поставена експлозивна направа.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопшти МВР.

Месецов повеќе скопски училишта добија е-пошта со закани за поставени бомби, за кои, по извршените проверки од страна на полицијата, се утврди дека се лажни дојави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП