7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерика и Емиратите формираат моќно партнерство

Америка и Емиратите формираат моќно партнерство

Партнерството меѓу САД и ОАЕ треба да ги зголеми инвестициите во проекти за чиста енергија во износ од 100 милијарди американски долари и да го зголеми капацитетот за чиста енергија за 100 гигавати на глобално ниво до 2035-та година, објави државната новинска агенција на Емиратите, „WAM“.

– Заедно ќе поддржиме широк спектар на инвестиции во нови енергетски технологии во нашите земји, ширум светот и во економиите во развој – се вели во изјавата на американскиот претставник за енергетика, Амос Хохштајн, според извештајот на „WAM“.

Понатаму се додава дека партнерството ќе „здружи и ќе го искористи“ финансирањето на приватниот и јавниот сектор и ќе ги поддржи иновациите во чиста енергија, управување со емисиите на јаглерод и метан, развој на напредни реактори, вклучувајќи мали модуларни реактори и декарбонизација на индустријата и транспортот, пренесува „Reuters“.

Според оваа иницијатива, Обединетите Арапски Емирати, членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), и Соединетите Држави ќе обезбедат техничка, финансиска и менаџмент помош за комерцијални и еколошки одржливи енергетски проекти во други земји.

– На енергетската транзиција и е потребен реален, практичен и економски одржлив план за да се постигне климатски напредок, кој овозможува и енергетска безбедност и инклузивен економски раст – изјави султан Ал Џабер, министер за индустрија и напредна технологија и специјален пратеник на ОАЕ за климатски промени.

Иницијативата, исто така, ќе се фокусира на инвестирање во одговорни и еластични синџири на снабдување, промовирање на инвестиции во „зелено“ рударство, како и производство на минерали и материјали од витално значење за енергетската транзиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП