На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата.
Полноправното членство на Македонска берза во FEAS овозможува целосно користење на сите придобивки и услуги што ги обезбедува оваа Федерација, како што се деловна и промотивна поддршка, размена на знаења и искуства, пристап до истражувања и публикации, можност за учество на настани во нејзина организација и слично. Од 2016 година Македонска берза во FEAS беше со статус Observer.

