2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјите од Г7 се согласија да одредат фиксна цена за руската нафта

Земјите од Г7 се согласија да одредат фиксна цена за руската нафта

Земјите од Г7 и Австралија се договорија да одредат фиксна цена за руската нафта, пренесува Ројтерс повикувајќи се на свои извори.

Претставниците на САД и Г7 во последните недели водеа интензивни разговори за планот за ограничување на цената на руската нафта, кој треба да стапи на сила на 5 декември.

Г7 на тој начин сака да обезбеди санкциите на ЕУ и САД, кои имаат за цел да го ограничат финансирањето на нападите на Украина од страна на Москва, да не го „задушат“ глобалниот пазар на нафта.

Плафонот за цената на нафтата сè уште не е поставен, но треба да стане појасен во наредните недели, изјавија повеќе извори за Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП