22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДРАМА НА НЕБОТО - КИМ ИСПРАТИ 180 ВОЕНИ АВИОНИ НА ГРАНИЦА! Тензиите...

ДРАМА НА НЕБОТО – КИМ ИСПРАТИ 180 ВОЕНИ АВИОНИ НА ГРАНИЦА! Тензиите растат, Јужна Кореја ИТНО ги крева борбените авиони!

Расте тензиите меѓу Јужна и Северна Кореја!

Околу 180 севернокорејски воени авиони се забележани во близина на границата со Јужна Кореја, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирана од Ројтерс. Поради ова, Јужна Кореја итно ги подигна своите борбени авиони. Севернокорејски авиони биле откриени во воздух меѓу 11 и 15 часот по локално време над граничната област, како и над западниот и источниот брег, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Јужна Кореја.

Северна Кореја лансираше серија ракети над Јужна Кореја во последните денови, на што Јужна Кореја одговори со истрелување свои проектили во морето во близина на Северна Кореја. Во исто време се одржуваат заеднички воени вежби на армиите на САД и Јужна Кореја, кои Пјонгјанг ги опиша како „провокативни“.

Испукани проектили

Северна Кореја во текот на ноќта истрела околу 80 артилериски проектили врз нејзината поморска гранична зона, соопшти Јужна Кореја рано утринава, додека министрите за одбрана на Јужна Кореја и САД ветија дека ќе покажат одлучност пред ракетните тестови на Северот. Северна Кореја истрела повеќе проектили во морето во четвртокот, вклучително и можна неуспешна интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), што ги натера САД и Јужна Кореја да ги продолжат воздушните вежби што го налути Пјонгјанг.

Војската на Јужна Кореја синоќа пред полноќ соопшти дека снимила повеќе од 80 артилериски гранати истрелани во морето од Северна Кореја, што според неа е кршење на меѓукорејскиот договор од 2018 година.

Предупредување до Пјонгјанг

Јужна Кореја упати предупредување до Пјонгјанг поради ракетата, се вели во соопштението на јужнокорејското Министерство за одбрана. На состанокот во Вашингтон, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и јужнокорејскиот министер за одбрана Ли Јонг-суп ветија дека ќе бараат нови мерки за да ја покажат „решителноста и способноста“ на алијансата по повторените севернокорејски провокации, се вели во заедничката изјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП