24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПогодете која е најпопуларната боја на новиот iPhone?

Погодете која е најпопуларната боја на новиот iPhone?

zolt-telefon

Луѓето во светот ги обожаваат боите на лимонот, морето, шафранот, но изгледа една боја се издвојува, барем кога станува збор за новиот телефон iPhone 5C.

Apple веќе започнаа да добива нарачки за iPhone 5C, и набрзо стана очигледно дека или луѓето масовно купуваат модели со жолта боја, или пак има недостиг од поликарбонат за оваа боја.

На страницата на  iPhone 5C  е наведено дека сите бои на овој уред ќе бидат испратени на 20 септември, исто како што ветија, но само со еден исклучок – а тоа е дека моделот во жолта боја  ќе биде достапен 5 дена подоцна.

Некои оператори, исто така, најавија дека ќе биде потребно неколку дена подолго за да испорачаат до клиентите жолт iPhone 5C.

Голема е веројатноста за тоа дека од Apple ја потцениле жолтата боја и не ни претпоставиле дека оваа боја ќе биде толку популарна кај корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП