20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРускиот амбасадор во Велика Британија: „Станува опасно. Знаеме дека Британците учествуваа во...

Рускиот амбасадор во Велика Британија: „Станува опасно. Знаеме дека Британците учествуваа во нападот на Крим“

Рускиот амбасадор во Велика Британија Андреј Келин денеска изјави за Sky News дека Русија нема да користи нуклеарно оружје во војната во Украина.

„Нема победник во нуклеарна војна и никогаш не треба да се води. Ние стоиме на таа изјава“, рече Келин.

Интервјуто на Келин дојде кога Москва го повика британскиот амбасадор на разговори поради руските тврдења дека членови на британската морнарица биле вмешани во неодамнешниот голем напад со беспилотни летала врз руската флота на Црното Море во близина на Крим.

„Знаеме дека Британците учествуваа во нападот на Крим“

На прашањето дали има докази за британска вмешаност во нападот, Келин рече: „Совршено знаеме дека британските специјални сили учествуваа во обуката, подготовката и извршувањето на насилен напад врз руската инфраструктура и руската флота во Црното Море. Знаеме дека тоа се случи“.

На инсистирање на новинарот да презентира докази за тврдењата за вмешаност на британските специјални сили во нападот на Крим, Келин рече дека „доказите ќе ги објави многу наскоро, можеби дури и утре“.

„Опасно е затоа што ескалира ситуацијата. Може да не доведе до, би рекол, точка од која нема враќање, но враќањето е секогаш можно. Во секој случај, треба да се избегнува ескалација“, рече рускиот амбасадор.

„Тоа е предупредување“

„Тоа е предупредување дека Британија премногу се вклучи во конфликтот. Тоа значи дека ситуацијата станува се поопасна“, рече тој.

На прашањето дали Москва може да користи нуклеарно оружје во војната во Украина, рускиот амбасадор одговори: „Не. Го уверуваме светот дека Русија нема да користи тактичко нуклеарно оружје во конфликтот во Украина“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП