16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАRansomware нападите ги чинеа американските банки 1,2 милијарди долари во 2021 година

Ransomware нападите ги чинеа американските банки 1,2 милијарди долари во 2021 година

Бројот на ransomware напади врз американски банки минатата година се зголеми за 188% во однос на 2020 година, а со тоа и висината на штетата.

Американските банки платија речиси 1,2 милијарди долари на хакери минатата година за да продолжат со нормална работа по нападите со ransomware напади.

Станува збор за податоците од најновата анализа на финансиските трендови објавена од Министерството за финансии на САД, односно неговиот оддел FinCEN. Надлежните велат дека тоа е последица на зголемениот број на хакерски напади и охрабрувањето на финансиските институции да ги пријават. Тие, исто така, тврдат дека е утврдено дека некои од нападите се поврзани со „извори во Русија“.

Да потсетиме, ransomware е злонамерен тип на програма кој заклучува заразен компјутер, таблет или паметен телефон или шифрира датотеки на него, а потоа бара откуп за нивно безбедно враќање. Поради зголемената фреквенција на овие напади, на компаниите им се препорачува редовно да прават резервни копии на нивните податоци, за никој да не може да ги киднапира и уценува. Исто така, се советува повеќе да се работи на заштитата на компаниите и нивните онлајн услуги, што вклучува едукација на вработените кои често се слабата алка во сајбер безбедноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП