23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗОШТО КОСАТА СЕ МАСТИ? Ова се причините!

ЗОШТО КОСАТА СЕ МАСТИ? Ова се причините!

Мрсната коса може да биде вистински кошмар, но ако ја знаете причината зошто косата брзо ви се мрси, на чекор сте до решението.

Оние на кои косата брзо им се мрси и мораат често да ја мијат, знаат каква болка е тоа. Колку често и да ја мијат, секогаш се чувствува мрсно, и се чини дека не можат ништо да направат за да се ослободат од тоа…

Постојат многу потенцијални причини зошто вашата коса брзо станува мрсна, но ако ја идентификувате причината, сте чекор поблиску до решение.

Често допирање на косата

Ако имате навика често да ја допирате косата, можеби самите сте виновни што косата брзо ви се мрси. Колку повеќе ја допирате, толку повеќе маснотии пренесувате од рацете на косата. Само избегнувајте да ја допирате после миење и сушење со фен…

Балзам за коса

Косата која не престанува да станува мрсна може да биде само поради прекумерна употреба на регенератор за коса. Ако не сте сигурни дали тоа е причината во вашиот случај, обидете се да не нанесувате регенератор за коса недела или две и видете дали нешто ќе се промени.

Погрешен шампон

Колку и да ви изгледа неважно, всушност е многу важно да користите шампони наменети за мрсна коса, доколку веќе имате мрсна коса. Овие шампони содржат супстанции кои треба да ви помогнат и подолго да ја одржувате чиста…

Хормонален дисбаланс кај ПМС

Тинејџерите се особено склони кон често мастење на косата бидејќи во адолесценцијата жлездите се поактивни, па произведуваат повеќе масло. Сепак, дури и ако не сте тинејџер, сепак е можно жлездите да произведуваат повеќе масло, особено пред менструалниот циклус.

Јасно е – повеќе секретно масло значи помрсен скалп, а со тоа и коса.

Лоша исхрана

Она што го јадете влијае дури и на вашиот скалп. Секако, тоа не значи дека сите на кои косата брзо им се мрсни имаат лоша исхрана, но тоа секако може да биде една од причините. Размислете за вашата исхрана – доколку е богата со транс масти, масла, рафинирани јаглехидрати, шеќер и млечни производи, тоа би можело да биде „виновникот“.

Недостаток на хидратација

И самите знаете колку е важна водата за телото и општото здравје, а очигледно и за косата. Недостатокот на вода во телото ја суши кожата, што се обидува да го компензира со лачење повеќе себум од вообичаеното. И кога се лачи повеќе себум, косата произведува повеќе масло и воила, вашата коса е мрсна за кратко време!

Во овој случај, решението е едноставно, пијте повеќе вода!

Стрес и анксиозност

Сите ги знаеме менталните ефекти на стресот и анксиозноста, но малкумина мислат дека тие влијаат и на нас физички. На пример, стресот и анксиозноста можат да предизвикаат проблеми со кожата, како што е егзема, како и главоболки, дигестивни проблеми, па дури и мрсна коса.

Виновникот е хормонот кортизол, кој предизвикува повеќе да се произведува масло поради стрес и анксиозност.

Недоволно сон

Постои силна врска помеѓу недостатокот на сон и стресот, а како што веќе дознавме, стресот може да биде виновникот за брзото мрсење на косата.

Премногу чешлање

Колку повеќе ја четкате косата, толку повеќе масло се пренесува од скалпот на косата. Затоа, ако ја чешлате косата неколку пати на ден, добро би било да ја намалите на еднаш дневно.

Здравствен проблем

А некои здравствени проблеми, како синдромот на полицистични јајници, може да бидат причина за мрсна коса. Во овој случај, јајниците произведуваат повеќе андрогени од вообичаеното, и поради тоа се произведува повеќе себум во скалпот.

Обидете се да одредите што предизвикува вашата коса брзо да се масти, а штом ќе го направите тоа, ќе бидете чекор поблиску до решение бидејќи точно ќе знаете со што се соочувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП