Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во четвртокот дека нема да присуствува на самитот на Групата 20 најголеми економии во Индонезија доколку присуствува и лидерот на Кремљ Владимир Путин.
Зеленски на новинарите по разговорот во Киев со грчкиот претседател изјави дека индонезискиот претседател Џоко Видодо го поканил да учествува на самитот на 15 и 16 ноември, пишува Ројтерс.
-Мојот личен став и ставот на Украина беше дека ако учествува лидерот на Руската Федерација, тогаш Украина нема да учествува. Ќе видиме како ќе биде во иднина – рече тој.
Украинскиот претседател претходно во четвртокот изјави дека се слушнал со Видодо по телефон и разговарал за подготовките за самитот на Г20, како и за договорот за жито во Црното Море.
Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Војната, која сега е во својот деветти месец, уби илјадници, расели милиони и уништи градови. Москва ги опишува своите акции како специјална воена операција.