23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ промена на цените на горивата

Од полноќ промена на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,19 % во однос на одлуката од 31.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 4,045 %, кај дизелот намалување од 1,262 %, кај екстра-лесното масло намалување од 3,443 % и кај мазутот зголемување од 0,827 %.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 3,00 денари/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се зголемува 2,00 денара/лит.

Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-95“, на „евродизелот (Д-Е V)“ и на мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 4.11.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 90,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 94,50 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 99,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 93,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 50,067 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,859 %.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП