27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБаросо верува во закрепнувањето на Грција

Баросо верува во закрепнувањето на Грција

baroso11

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо оцени дека постои „светло на крајот од тунелот“ за решавањето на кризата во Грција.

„Знам дека грчките граѓани живеат во вонредно тешки услови, но ние веќе можеме да кажеме дека има светлина на крајот од тунелот, рече Баросо на прес-конференцијата за новинарите по состанокот со грчкиот премиер Андонис Самарас во Брисел.

Баросо додаде дека Европската комисија се надева на постепено враќање на грчкиот раст во 2014 година, по 6 години рецесија.

Според неговите зборови, сеуште не е време да ги намалиме вложувањата на напор, додаде Баросо во момент кога во Грција избувна штрајк во знак на протест против реструктуирањето на државната администрација.

Баросо ја одбрани грчката политика за штедење која е воведена во рамките на програмата за помош и како дрстична мерка за штедење во јавниот сектор.

„Не е реално да се претставува дека европската политика е единствено основана на буџетското консолидирање“, односно намалување на дефицитот, изјави Баросо.

Баросо изјави дека повторно ќе биде воведено финансиското прашање во Грција, но тој ништо не изјави за третиот план за помош на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП