17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДизелот ќе биде сѐ поскап - како тоа ќе влијае врз Скопје...

Дизелот ќе биде сѐ поскап – како тоа ќе влијае врз Скопје ако топланите го користат овој енергенс за греење?

Топланите Исток и Запад, кои што произведуваат топлинска енергија за најголем дел од Скопје, примарно функционираат на гас, којшто според последните информации е обезбеден до 15 ноември. Што ќе се случува потоа, не е целосно јасно, иако од државната компанија која што го превзеде парното греење во главниот град најавија дека доколку нема гас или неговата цена биде превисока, ќе се користат алтернативни решенија, како на пример, дизел-гориво.

На тој план, пак, движењата на светските берзи и побарувачката моментно ја прават ситуацијата значително компликувана, што би можело да доведе главниот град на Македонија да се грее користејќи гориво што многу повеќе загадува и кое што ќе биде и поскапо.

Причина за тоа би бил недостигот од дизел не само во Европската Унија, туку и во САД. Според последните информации од американската администрација за енергетски информации, Соединетите Држави имаат дизел-количини доволни само за отприлика 20 дена, што е рекордно ниско ниво на резерви каква што земјата немала уште од 2008 година.

За очекување е дека како резултат на овој недостиг во САД, како и на тој што традиционално го има Европа, дека цените на дизелот драстично ќе се зголемат. Тоа, пак, би можело да се претпостави дека речиси сигурно и ќе влијае врз состојбата во Македонија, доколку државните институции се решат овој енергенс да го користат за да произведуваат топлинска енергија преку топланите Исток и Запад во Скопје.

Како целосна спротивност на ова, цените што моментно се актуелни на енергетскиот пазар потврдуваат дека гасот е убедливо најисплатливо решение за снабдување на скопските топлани со цел тие непречено да испорачуваат топлина на домовите. На еколошки план, пак, доколку се спореди со дизелот, природниот гас загадува незначително, што значи и дека животната средина и здравјето на граѓаните ќе бидат заштитени.

Дел од експертите имаат дилеми околу логиката на ваквата политика, односно дали при користење на дизел нема да се зголемат трошоците и дополнително, дали тоа ќе значи дека потоа ќе бидат потребни тендери за да се надополни тоа што ќе се искористи од државните резерви.

За животната средина и загадувањето во Скопје, кое секоја зима руши светски рекорди, очигледно не се размислува, бидејќи користење дизел секако ќе придонесе воздухот да биде уште понечист, а како и досега, тоа најмногу проблеми ќе им предизвика токму на граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП