29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТШто се „змејски заби“, новите ознаки на патиштата во Шпанија?

Што се „змејски заби“, новите ознаки на патиштата во Шпанија?

Идејата зад „змејските заби“ е на возачот да му се остави впечаток дека патот се стеснува.

Со цел да се намали бројот на жртви во сообраќајот, се користат различни методи, од кои некои постојат долги години и станаа секојдневие на патиштата – како камери, радари, полициска контрола и казни… Сепак, се повеќе се прават експерименти со човечкиот мозок и оптички илузии.

Тие не се нова работа – многу земји користат 3D пешачки премини, но честопати може да се забележат некои нови идеи на патиштата. Така, во Шпанија се воведени „змејски заби“ кои се обоени во бело на внатрешните линии на сообраќајната лента.

Идејата на „змејските заби“ е да се создаде впечаток кај возачот дека патот се стеснува, при што нормалната реакција е зголемена претпазливост и намалена брзина. Веднаш пред пешачкиот премин се појавуваат „цик-цак“ линии, што треба да поттикне и зголемена внимателност.

Дека оваа оптичка илузија навистина функционира, тврди Министерството за транспорт на Шпанија, истакнувајќи на Твитер дека нема повеќе сообраќајни несреќи на местото каде што е поставена новата сигнализација, а имало претходно и тоа со жртви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП