Учеството на Русија во договорот за извоз на жито од Украина, со посредство на Турција и ОН, треба да продолжи денеска, соопштија Москва и Анкара.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му се јавил на турскиот министер Хулуси Акар и го информирал дека договорот за коридорот за жито „ќе продолжи на ист начин како и досега“ од среда, пренесува АФП.

