20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Австрија киријата расте повеќе од платата: Експертите очекуваат овој тренд да...

Во Австрија киријата расте повеќе од платата: Експертите очекуваат овој тренд да продолжи и следната година

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, поголемиот дел од кириите за станови во Австрија се зголемени повеќе од платите, се вели во анализата на институтот „Моментум“.

Од јануари 2020 година до денес платите се зголемени во просек за 5,8 отсто, а кириите за 12,2 отсто, што е двојно повеќе од растот на месечните примања.

Експертите очекуваат дека овој тренд ќе продолжи и во наредната година.

Моментум прогнозира дека кириите во просек ќе се зголемат за 15 проценти, а во одредени категории и до 24 проценти.

Од друга страна, платите нема да растат со толку висок процент.

Затоа „Моментум“ препорачува Владата да донесе мерки за запирање на поскапувањето на кириите, кои можат да станат недостапни за граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП