4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТАмерика отворено предупредена: Се подготвува напад - армијата е во подготвеност

Америка отворено предупредена: Се подготвува напад – армијата е во подготвеност

Разузнавачките служби на Саудиска Арабија ги предупредија соседните земји и САД дека Иран планира напад врз Ирак и Саудиска Арабија.

Според неименувани саудиски и американски функционери кои зборувале за „Волстрит журнал“, САД и земјите од регионот го зголемиле нивото на воена подготвеност.

Владата во Техеран, наводно, одлучила за воена акција за да го сврти вниманието од повеќенеделните протести во Иран.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД изјави за WSJ дека Вашингтон е „загрижен“ од најновите саудиски разузнавачки информации и дека „нема да се двоуми“ да ги брани интересите на САД и нивните партнери на Блискиот Исток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП