22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМедведев се огласи, повторно споменува нуклеарно оружје

Медведев се огласи, повторно споменува нуклеарно оружје

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев даде соопштение на Телеграм, во кое повторно се споменува нуклеарното оружје.

Медведев посочува дека Западот вели дека „не смее да и се дозволи на Русија да ја добие војната“ и дека тоа значи победа за Украина.

„Целта на Украина во војната веќе беше дефинирана од режимот во Киев – враќање на сите територии кои претходно и припаѓаа, односно нивно отстранување од Русија. Ова е закана за опстанокот на нашата земја и распаѓање на денешна Русија“, вели Медведев.

Тој вели дека тоа е „директна причина за примена на член 19 од Основата на државната политика на Руската Федерација во областа на нуклеарното одвраќање“.

„Значи, кој планира нуклеарен конфликт, кажи ми? Што е тоа ако директно не предизвикува светска војна со употреба на нуклеарно оружје?“, пишува Медведев.

„Да ги наречеме работите со право име. Западните земји го туркаат светот во глобална војна. А само целосната и конечна победа на Русија е гаранција против светскиот конфликт“, заклучи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП