Град Скопје ги известува сите граѓани дека ќе пристапи кон реализација на решенијата за забрана на користење средства поради неплатени обврски, кои не се намирени по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година.
„Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците што не ги платиле своите обврски, во постапка за присилна наплата, како и да се избегнат непотребни оптоварувања што ќе произлезат од блокадите во банките, потребно е сите неплатени обврски по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година да ги намират во најкраток можен рок, а најдоцна до 10.11.2022 година“, велат од Град Скопје.

