17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Веројатноста за рецесија е зголемена

Лагард: Веројатноста за рецесија е зголемена

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард изјави во вторникот дека веројатноста за рецесија е зголемена и нагласи дека инфлацијата во еврозоната е „премногу висока“, предупредувајќи дека колку подолго останува висока, толку е поголем ризикот.

Во интервју за летонската веб-страница „Delfi Bizness“, Лагард посочи дека врвот на тековниот циклус на зголемувања на каматните стапки од страна на ЕЦБ треба да обезбеди враќање на инфлацијата на целното ниво од 2% на среден рок.

Без да наведе конкретно ниво за таканаречената „терминална“ каматна стапка, шефицата на ЕЦБ рече дека трошоците за задолжување треба дополнително да се зголемат по второто последователно зголемување на клучните стапки за 75 базични поени на минатонеделниот состанок.

„Дестинацијата е јасна и сè уште не сме стигнале“, изјави таа за „Delfi Bizness“.

Вчера Евростат ги претстави прелиминарните податоци кои покажуваат дека годишната инфлација во еврозоната се забрза во октомври на ново рекордно ниво од 10,7%, што е повеќе од 9,9% во септември, надминувајќи ги прогнозите на аналитичарите.

Ова континуирано зголемување на инфлациските притисоци доаѓа и покрај тоа што економскиот раст во еврозоната нагло забави во третиот квартал на само 0,2% во однос на претходните три месеци, при што многумина предвидуваат пад на БДП-то во текот на зимата поради енергетската криза како резултат на намалувањето на руските енергетски резерви.

Во врска со ова, Кристин Лагард призна дека веројатноста за рецесија е зголемена, но предупреди на опасностите доколку ЕЦБ не интервенира за да ја скроти инфлацијата, нарекувајќи ги стабилните цени „основа на непречено функционална економија од која сите имаат корист“.

„Инфлацијата е сè уште превисока во еврозоната. Колку подолго инфлацијата остане на ова високо ниво, толку е поголем ризикот таа да се прошири низ целата економија. Тогаш потрошувачите и бизнисите ќе почнат да очекуваат повисока инфлација и во иднина, и ова е опасно“, истакна гувернерот на ЕЦБ.

Зголемените каматни стапки ги зголемуваат хипотекарните записи и ги повредуваат корпоративните должници, при што Лагард истакна дека банките сега се во посилна позиција отколку што беа во периодот пред кризата во 2008-ма. Сепак, „не смее да се дозволи самозадоволство“, рече таа.

„За време на тековното стегање на трошоците за живот, владите мора да бидат внимателни да обезбедат дека секоја фискална поддршка е привремена и насочена кон оние на кои им е најпотребна“, додаде Лагард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП