3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна жетвата на оризот од турска сорта

Почна жетвата на оризот од турска сорта

oriz1

На оризовите полиња во атарот на село Чешиново денеска беше означен стартот на жетвата на оризот од годинешната реколта. На сопствени површини од 10 декари земјоделецот Мијалче Костадиновски од село Чешиново насеа ориз од турската сорта „гонен“.
– Приносите се повеќе од задоволителни. На површина од еден декар добив 800 килограми оризова арпа од оваа турска сорта, како експериментално производство, вели Костадиновски кој додаде дека и жнеењето на оваа сората се прави 20-тина дена порано.
Во Земјоделскиот институт во Кочани на површина од 5 декари се испитуваат 15 турски сорти на ориз. Турски сорти ориз пробно се произведуваат и на површина од 20 земјоделци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП