3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDogecoin порасна за 120 проценти за седум дена

Dogecoin порасна за 120 проценти за седум дена

Криптовалутата Dogecoin (DOGE) повторно е на врвот на интересот на инвеститорите и во последната недела се зголеми за 120 проценти како резултат на купувањето на Твитер од Илон Маск.

Со тој потег Маск започна уште еден период на раст на догикоинот, па веќе е видлив голем скок на цената на таа криптовалута.

Илон Маск отсекогаш играл клучна улога во растот и развојот на Dogecoin. Неговото влијание врз генералниот тек на крипто-пазарот е значајно, па затоа многупати сме биле сведоци како една негова објава на Твитер значително влијаеше на цената на одредени криптовалути, особено на Dogecoin. Во многу наврати тој го нарече dogecoin „криптовалута на сите луѓе“.

Со официјално преземање на Твитер, Илон Маск би можел да почне да користи dogecoin за многу услуги што ги нуди социјалната мрежа.

Што се однесува до општата состојба на светот на криптовалутите, биткоинот е помалку фокусиран во последните седум дена. Во тој период, биткоинот порасна за околу осум проценти, додека другите криптовалути (попознати како алткоини) остварија повеќекратна добивка. Ова сугерира дека инвеститорите полека го префрлаат својот интерес кон други дигитални валути, во овој случај Dogecoin.

Во времето на пишувањето, цената на dogecoin беше 0,125 долари. На почетокот на неделата, поточно во понеделникот, цената беше околу 0,05 долари. Ако се земат предвид овие параметри, има пораст од 112 отсто, додека во одредени моменти догекоинот беше во плус за над 150 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП