23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоплата есен не му дава на гасот да порасне, цената е пониска...

Топлата есен не му дава на гасот да порасне, цената е пониска за 35 отсто

Иако ни претстојат уште два месеци есен, а потоа зима, Европа засега може барем малку да се одмори: температурите се нетипични за овој период од годината, а тоа ја намалува потребата за греење.

Имено, топлото време предизвика пад на цената на бензинот во октомври во однос на септември, за повеќе од една третина или за околу 34 отсто.

Цената падна на околу 1.246 долари за 1.000 кубни метри, се вели во извештајот на лондонската берза ICE за движењето на цените за ноемвриските и декемвриските фјучерс договори и пресметките на агенцијата Тасс. Се наведува и дека цената на фјучерсите на гасот на последниот трговски ден во септември изнесувала околу 1.884 долари за 1.000 кубни метри.

Овој исход доаѓа во вистинско време, бидејќи цела Европа се бори со зголемената инфлација, а Германија во меѓувреме донесе важна одлука за гасот.

Просечната цена на гасот во Европа во октомври беше околу 1.382 долари за 1.000 кубни метри, а во септември 2.090 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП