19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаск: Ако добивав по еден долар секој пат кога ме прашуваа дали...

Маск: Ако добивав по еден долар секој пат кога ме прашуваа дали Трамп се враќа на Твитер…

Илон Маск се огласи на Твитер за тоа дали и кога ќе го врати Доналд Трамп на Твитер.

„Ако добивав по еден долар за секој пат кога некој ќе ме праша дали Трамп се враќа на оваа платформа, Твитер би ковал пари“, напиша Маск. Неговата објава им се допадна на речиси 250 илјади луѓе.

Инаку, бидејќи Твитер има нов сопственик, прашање на сите прашања е дали и кога ќе го вратат Доналд Трамп на таа социјална мрежа.

Трамп е деактивиран на Твитер од немирите во јануари 2021 година.

Да потсетиме, профилот на Трамп беше трајно деактивиран откако тој ја искористи оваа платформа за да ги поттикне своите следбеници против конгресмени и други функционери кои не сакаа да ги откажат изборите, за кои Трамп, без никакви докази, тврди дека се украдени.

Откако тој ги повика да маршираат кон Капитол, некои од неговите следбеници упаднаа во зградата на Конгресот во обид да го спречат официјалното прогласување на изборот на Џо Бајден за претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП