2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на навработеност падна на 28,8 проценти

Стапката на навработеност падна на 28,8 проценти

stapka1

– Стапката на невработеност во Република Македонија во вториот кваратал од годинава изнесувала 28,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, стапката на невработеност бележи пад во однос на вториот кваратал од минатата година за 2,4 проценти, кога била 31,4 отсто. На крајот на 2012 година стапката на невработеност во земјава изнесуваше 31, а во 2011 година 31,4 проценти.

Во вториот кваратал од 2013 година бројот на невработени изнесувал 273.860 лица.

Од вкупниот број, 61,5 проценти се мажи, а 38,5 отсто жени. Според возраста, најголемиот дел 62 проценти се од 25 до 49 години, а според образованието најбројни меѓу невработените се со четиригодишно средно образование 111.441 лица. Невработени со високо се 40.967 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП