3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиХ продава недвижнини поради пензиите

БиХ продава недвижнини поради пензиите

penzioneri1

Во БиХ пензионерите најавуваат протести за идната недела поради ниските примања, а од Заводот ПИО порачуваат дека ќе продадат недвижнини за да го пополнат дефицитот.

Речиси три четвртини од пензионерите во Босна и Херцеговина живеат со примања помали од 358 КМ. (175 евра), а зголемувањето на пензиите засега не е во плановите, објавено е на сајтот на Радио телевизија Република Србија.

Приливот на средства во касата на Пензиското и инвалидското осигурување на БиХ веќе подолго време е недоволен за исплата на достигнатото ниво на пензии што е основна причина поради која поминаа две ипол години од последното зголемување на пензиите од пет проценти.

Како што вели директорот на Заводот ПИО БиХ, Зијад Крњиќ, приоритет е да се реши дефицитот од 87 милиони марки, поради што е планирана продажба на недвижностите, а очекуваат и зголемување на приходите на основа на Законот за цврстата каматна стапка.

Така Федералната влада веќе оваа недела ќе го разгледува одобрувањето на продажбата на хотелот „Еро“ и 11 помали објекти за која е комплетирана документацијата а консолидацијата, како што тврдат, е можна до крајот на годината.

Пензионерите порачуваат дека не отстапуваат од одамна најавените протести, а сепак се подготвени, преку разговор со претставниците на Владата, Даночната управа, инспекциите и Заводот, повторно да бараат решение за подобри пензионерски денови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП