5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 100 бродови со жито се заглавени во водите во близина на...

Над 100 бродови со жито се заглавени во водите во близина на Истанбул

Руската делегација која од почетокот на август учествува во инспекцијата на украинските бродови за жито во Истанбул се повлекува „на неодредено време“, соопшти во неделата вечерта Заедничкиот координативен центар (ЗКК).

„Делегацијата на Руската Федерација објави дека го суспендира учеството во спроведувањето на активностите на Иницијативата, вклучително и инспекциите, на неопределен период“, се вели во соопштението на ЗКК, кој го надгледува спроведувањето на договорот за извозот на украински житарки.

Турското Министерство за одбрана претходно во неделата соопшти дека инспекциите на украинските товарни бродови за жито ќе продолжат „денес и утре (понеделник)“ во Истанбул.

Москва во саботата објави дека повеќе нема да учествува во договорот за извоз на украинско жито, наведувајќи го нападот со беспилотни летала врз нејзините бродови.

ЗКК објави дека 112 товарни бродови чекаат проверка во водите кај Истанбул.

Договорот, кој стапи на сила на 1-ви август и истекува на 19-ти ноември, овозможи извоз на повеќе од 9,5 милиони тони жито и други земјоделски производи од украинските пристаништа, објави ЗКК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП