Започна да функционира Механизмот за граѓанска отпорност (МГО) на ЕУ, директна поддршка за иницијативите на граѓанското општество во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“. Овој повик за предлози е финансиран од Европската Унија со вкупен расположлив износ од 900 000 евра.
За првпат во земјата, Европската Унија обезбедува ваков механизам за финансирање за директна поддршка на граѓанските организации со цел да им се овозможи ефикасно да се справат со клучните приоритети во нивните локални заедници и да придонесат за реформите во клучните сектори во земјата. Граѓанскиот механизам за отпорност на ЕУ ќе ги поддржи локалните организации да ги спроведат активностите за навремено одговарање на потребите на нивните сограѓани и зајакнување на отпорноста на граѓаните при зачестени општествени промени. Граѓанското општество има водечка улога за развивањето на отпорноста на заедницата и во таа насока ЕУ ќе ги поддржи во нивните напори.

