5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Димовски на Саем за свежо овошје и зеленчук „Светот на храната“

Министерот Димовски на Саем за свежо овошје и зеленчук „Светот на храната“

dimovski1

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска го посети Саемот за свежо овошје и зеленчук „Светот на храната“ што се одржува секоја година од 16-20 септември во Москва.

Саемот е поставен на вкупна површина од 56.240 метри квадратни и преставува можност за воспоставување бизнис односи помеѓу субјектите на двете земји.

Со поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство оваа година учествуваат познати 12 компании, меѓу кои Агро-лозар, Вега Мак, Туран, Хина, Бонум, Витаминка, Кадино индустри, Коро, Агрофруктус и други.

Поддршката се обезбедува за поорганизиран настап на најизвезуваните македонски земјоделски производи и тоа квалитетното македонско вино и свежиот и преработен зеленчук и овошје на пазари на кои е недоволно промовирано македонското земјоделско производство.

Министерот Димовски, соопшти денеска МЗШВ, го посетил македонскиот штанд, каде што на средба со македонските изложувачи, нагласил дека ваквите саеми претставуваат одлична можност за стопанствениците за остварување деловни контакти. Тој истакнал дека Министерството за земјоделство ќе продолжи да ги поддржува настапите на македонските фирми на поголемите и поважни саеми за земјоделство и храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП