26 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД жалат, ја повикуваат Русија да се врати

САД жалат, ја повикуваат Русија да се врати

САД жалат поради одлуката на Русија да се повлече од Договорот за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море.

Тие ја повикуваат Руската Федерација да се врати на договорот, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Ја повикуваме руската влада да продолжи да учествува во иницијативата, да дејствува целосно во согласност со договорот“, рече Блинкен, пренесе РИА Новости.

Руското Министерство за одбрана во саботата објави дека Москва го суспендирала учеството во договорот за извоз на украинско жито, по нападот на Црноморската флота.

„Одлуката е донесена во светло на неодамнешните настани поврзани со терористичките напади на бродовите на Црноморската флота“, соопштија од Москва.

На 22 јули Русија, Украина, Обединетите нации и Турција потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, кој беше прекинат по почетокот на руско-украинската војна во февруари.

Договорот истекува на 19 ноември и се преговараше за продолжување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП