Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за американската телевизија повика што поскоро да се воспостави мир во Украина и оцени дека војната немаше ни да избие доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп победеше на изборите во ноември 2020 година.
Во интервјуто објавено денеска од One America News Network (OANN), кое е поволно за Трамп, Сијарто рече дека унгарската влада повикува што е можно поскоро да се воспостави мир, да се постигне прекин на огнот и да се одржат мировните преговори во Украина, пренесува унгарски МТИ.

