26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Стотката“ на Рашфорд доволна за победа над Вест хем

„Стотката“ на Рашфорд доволна за победа над Вест хем

Маркус Рашфорд го постигна својот 100. гол во дресот на Манчестер јунајтед во меч во кој се одбележуваше 85-годишнината од достигнувањето на „ѓаволите“ за постојано внесување на игра на играч од академијата на клубот, за 1:0 победа над Вест хем на „Олд Трафорд“ и искачување на петтото место на табелата, со само поеен зад четвртопласираниот Њукасл (кој има меч повеќе).

Со Кристијано Роналдо и Хери Мегваер како стартери, „ѓаволите“ имаа иницијатива во првото полувреме, со повеќе шанси пред противничкиот гол, но чекаа до 38. минута за гол, кога Кристијан Ериксен го пронајде Рашфорд, кој, по долго чекање го заби својот 100. гол во црвениот дрес.

Иницијативата на Јунајтед траеше и на почетокот на второто полувреме, но потоа „чеканите“ воспоставија рамнотежа и имаа неколку шанси, како обидот на Курт Зума, кој не заврши во голот само поради одличната интервенција на Давид де Хеа. На другта страна врати Фред, кој со удар со глава ја погоди само стативата. Џерод Боуен и Деклан Рајс исто така имаа стоотстотни шанси во самиот финиш, но Де Хеа повторно беше во вистинска форма.

Со победата, се продолжи неславната традиција на поранешниот менаџер на Јунајтед, Дејвид Мојс, кој останува без победа над својот поранешен клуб во Премиерлигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП