19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусите удрија по британците - паднаа најтешки обвинувања! Веднаш стигна одговорот, кој...

Русите удрија по британците – паднаа најтешки обвинувања! Веднаш стигна одговорот, кој е виновен за нападот на Северен тек?!

Русија ја обвини Велика Британија дека е одговорна за нападот на Северен тек!

Руското Министерство за одбрана денеска го објави нападот на Северен тек 1. Тие тврдат дека владата на Обединетото кралство е одговорна за штетата на гасоводот. Соопштението е на нивниот канал на „Телеграм“ и се наведува дека Велика Британија е одговорна за „планирање, извршување и логистика“, пишува „Russia Today“.

Оваа најава на руското Министерство за одбрана е во корелација со изјавата на рускиот министер за надворешни работи, кој изјави дека НАТО е одговорен за оштетувањето на гасоводот Северен тек поради одржување на поморски вежби во непосредна близина на споменатиот гасоводот.

Во врска со овие обвинувања набрзо се огласи и Владата на Велика Британија. Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека Русија „објавува лажни тврдења од епски размери дека Британците учествувале во саботажа на гасоводи во Северното Море. Со цел да се минимизира катастрофалното управување со илегалната инвазија на Украина, руското Министерство за одбрана прибегнува кон лажни тврдења од епски размери, пишува „Russia Today“.

„Таа измислена приказна кажува многу повеќе за дискусиите што се водат внатре во руската влада отколку за Западот“, додаде Министерството за одбрана на Обединетото кралство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП